Лондон подобар од Манчестер: Челзи го елиминира Јунајтед и закажа градско дерби во финалето (видео)

По една година пауза од финалето во Лигата на Европа, Челзи и Арсенал повторно ќе се борат за трофеј, овојпат во ФА купот. Сините со убедливи 3-1 го елиминираа Манчестер јунајтед и закажаа градско дерби во финалето, кое е предвидено за 1 август.

Долго траеше неизвесноста на „Вембли“, па дури во 11-тата минута од судиското надополнување во првиот дел Челзи преку Жиру поведе со 1-0. Само што почна вториот дел, во првата посериозна акција фудбалерите на Лампард веќе имаа двојна предност откако погоди Маунт од околу 20 метри.

Јунајтед не изврши доволен притисок во обидот да се врати во игра, па следуваше нова казна, а автоголот на Мегваер во 74-тата минута ги реши сите дилеми. Фернандеш во 86-тата минута заби почесен гол од пенал за Манчестер и ги постави конечните 3-1.

- Оглас -

Најнови вести