Лукаку даде два гола за 138 секунди – Челзи „прокоцка“ победа (ФОТО)

Ромелу Лукаку даде два брзи погодоци, но неговиот тим Челзи не успеа да го совлада Вулверхемптон и со тоа тргна со реми под новиот газда. Откако утринава беше објавено дека актуелниот првак на Европа заминува под сопственост на Тод Боели, неколку часа подоцна оствари само ремизираше 2:2 против Вулверхемптон

Двата погодоци беа дело на Лукаку и тоа во 56-та и 58-та минута, односно меѓу нив имаше временско растојание од 138 секунди. Интересно е тоа што за Белгијанецот кој е најефикасен играч на Челзи во сите натпреварувања сезонава, ова беше негов прв гол од декември минатата година.

Резултатска неизвесност во завршницата на „Стемфорд Бриџ“ донесе Тринкао со гол во 79- та минута, додека вистински шок приредија во 97-та минута кога Конор Коади постигна гол за израмнување.

Челзи до последната минута имаше речиси загарантиран настап во Лигата на шампионите следната сезона, но сега веќе и нè e баш така, иако ја имаат контролата под свои раце. Четвртопласираниот Арсенал има 64 бода, додека Тотенхем има 61 но и двете екипи имаат меч помалку, а „петлите“ за неколку часа гостуваат кај Ливерпул кој едноставно мора да победи за да остане во трка за титулата во Премиер лигата.

ПРЕМИЕР ЛИГА

Челзи – Вулверхемптон 2:2

Брентфорд – Саутемптон 3:0

Барнли – Астон Вила 1:3

Кристал Палас – Вотфорд 1:0

- Оглас -

Најнови вести