Мајкл Џордан ќе донира 100 милиони долари!

Најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан најави дека ќе донира неверојатни 100 милиони долари како би помогнал во борбата против расната нееднаквост. Џордан објасни дека оваа сума ќе биде донирана во период од следните 10 години и тоа на организациите кои се посветени за обезбедување на расна еднаквост, социјална правда и подобар пристап до образованието.

Џордан неодамна се огласи и во врска со смртта на црномурестиот Џорџ Флојд, кој пред 10-тина дена беше задушен од полицаецот кој требаше да го приведе. Сега легендарниот „Ер Џордан“ реши да понуди и конкретна парична помош.

„Џордан бренд е повеќе од еден човек. Тоа секогаш било семејство. Ви го претставуваме гордото семејство кое ги совладува препреките, се бори против дискриминацијата во општествата низ целиот свет и секој ден работи да се избрише дамката од расизмот и неправдата. Црните животи се важни. Се додека постои расизмот, а нашите институции дозволуваат кардинални грешки, ќе бидеме посветени за чување и подобрување на животот на црнците“, порача Џордан.

 

- Оглас -

Најнови вести