Мајкл Џордан заработи шест милиони евра од доаѓањето на Меси во ПСЖ

Легендарниот Мајкл Џордан се најде на листата на оние кои заработија од доаѓањето на Лионел Меси во Пари Сен Жермен. Џордан е сопственик на „Ер Џордан“, чие лого стои на дресот на францускиот тим.

Со доаѓањето на Меси во ПСЖ, драстично се зголеми продажбата на дресовите на Светците. Само за неколку дена ПСЖ продаде дресови со бројот 30 што го носи Меси во вредност од 120 милиони евра, а според договорот, најголем дел од овие пари заминуваат кај „Најки“.

За ПСЖ остануваат 10 отсто, односно 12 милиони евра, додека 5 отсто од продадените дресови се на сметката на „Ер Џордан“, што значи дека легендарниот Мајкл Џордан добро заработи само за неколку дена по доаѓањето на Аргентинецот во Париз.

Дебито на Меси во дресот на ПСЖ треба да го има на 29 август, кога на „Паркот на принцовите“ ќе гостува тимот на Ремс во рамките од четвртото коло од француското првенство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести