Македонија ќе даде гол на „Ернст Хапел“

Австрија  – Македонија (20:45ч, 9-то коло ЕП 2020 квалификации)

Македонската репрезентација се наоѓа пред голем предизвик во кој ќе ги одмери силите со фаворизираната селекција на Австрија. Рисовите гостуваат во Виена во пресрет на претпоследното коло во овие квалификации, а примарната мисија на Ангеловски и неговите избраници е да се остави добар впечаток.

Австријците се втори во групата Г со 16 бода, пет повеќе од Македонија, и се наоѓаат на прагот да обезбедат пласман на завршниот континентален турнир. Сепак, очекувањата се дека нашата селекција ќе пружи повеќе отпор за разлика од мечот кој се одигра во Скопје, во кој Австрија славеше со 4-1. Поседуваме квалитет за да се заканиме кон нивниот гол, тоа е неспорно, па затоа очекуваме барем еден погодок во мрежата на домаќините.

Предлог тип: ГГ3+ (2.38)

 

Русија – Белгија (18ч, 9-то коло ЕП 2020 квалификации)

Двете селекции веќе си ја завршија работата и резервираа билет за следното Европско, но тоа не значи дека средбата меѓу Русија и Белгија нема да биде интересна. Сосема напротив, играат двете најквалитетни екипи од квалификациската група И. Белгија има осум победи на исто толку натпревари, Русите единствениот пораз им е токму од Белгија кој го претрпеа на стартот од квалификациите со 3-1.

Ќе се игра послободно, а императив на двете селекции ќе биде да се одржи победничкиот ритам. Русија никогаш досега не се радувала на победа против Белгија во петте досегашни дуели, а можеби токму во Санкт Петербург ќе се прекине таа лоша традиција.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.75)

 

Северна Ирска – Холандија (20:45ч, 9-то коло ЕП 2020 квалификации)

Лалињата се многу блиску до пласман на ЕП, но за такво остварување ќе треба да се изборат за добар резултат на гостувањето во Белфаст. Составот на Роналд Куман е во победничка серија од четири меча, а Северна Ирска е на добар пат да стане петта рецка во таа низа, па Холандија по подолго време да ја видиме на едно големо натпреварување.

Сепак, Холанѓаните се свесни дека одмна не ја совладале оваа репрезентација на нивно тло. Последен пат тоа се случи во далечната 1977 година кога Лалињата славеа со 1-0, но од тогаш се сменети бројни генерации на фудбалери. Заедно со триумфот од првата меѓусебна пресметка во овие квалификации, Холандија нанижа две победи против Северна Ирска, но мисијата е да се оди на трета по ред.

Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.92)

 

Германија – Белорусија (20:45ч, 9-то коло ЕП 2020 квалификации)

Германците и Холанѓаните се во битка за првата позиција во групата Ц. Двете селекции имаат по 15 бода и со три бода се пред Северна Ирска, а Панцерите знаејќи дека играат против доста неквалитетната Белорусија, имаат прилика да избијат на првото место на едно коло до крајот.

Јоаким Лев го има рецептот за победа против Белорусија, со 2-0 славеа на нивно тло, а вечерва во Менхенгладбах Германија ќе треба да го повтори настапот ако сака да си го осигура пласманот на Европското првенство кое ќе се одржи следната година. Ова ќе биде трет меѓусебен дуел, претходно Германија и Белорусија се сретнаа еднаш во пријателски меч и ремизираа со 2-2, покрај мечот од овие квалификации.

Предлог тип: 4-6 гола (2.03)

 

Хрватска – Словачка (20:45ч, 9-то коло ЕП 2020 квалификации)

Хрватска е на прагот да биде меѓу 24-те репрезентации кои ќе играат на завршниот турнир, но за пласманот светскиот вицепрвак ќе мора да ја совлада незгодната Словачка. Коцкастите веќе пет меча се непоразени во овие квалификации, што е резултат на нивната лидерска позиција во групата Е која ја држат со 14 бода, два повеќе од Унгарија.

Сепак, и Словаците имаат шанси за второто, па и првото место во групата доколку вечерва триумфираат во Риека. Имаат 10 бода и се трети, а може да избијат пред Унгарците доколку Велс вечерва оствари победа во Кардиф.

Во петте досегашни меѓусебни дуели Хрватите добиле три од нив, додека во два немало победник. Првата средба од овие квалификации заврши во корист на Хрватска со 4-0, така што навивачите веруваат во сличен резултат и вечерва.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.40)

Квоти на денот во Sport Life:

Русија – Белгија X2 & ГГ (2.20)

Австрија  – Македонија Т2 1+ (2.10)

Северна Ирска – Холандија 2 & 2-5 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести