Македонките загубија од С. Ирска со 0-11, но вечерва во женските квалификации имаше две поголеми катастрофи

Поразот на македонската женска репрезентација од 0-11 на дуелот со Северна Ирска е доказ дека во женскиот фудбал има големи разлики во квалитет помеѓу разни тимови, а потврдата дојде и вечерва, кога во квалификациите за Светско првенство имаше две уште поголеми катастрофи.

Шпанија ги прегази Фарски Острови со 12-0, а најдалеку во понижувањето на противничките отиде Белгија, која славеше против Ерменија дури со 19-0. Веќе по првото полувреме беше 11-0, а последните три гола паднаа во 90-тата минута и судиското продолжение. А, Белгија не е најсилен тим во својата група, трета е зад Норвешка и Полска.

- Оглас -

Најнови вести