Македонското „Ел Класико“ без победник, Вардар ги разочара верните 35.000 фанови

Вардар и Пелистер ремизираа при ефикасни 2-2 на стартот од пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига на Македонија.

Црвено-црните не успеаја да ги израдуваат верните 35.000 фанови кои купија билети за дебрито и покрај тоа што пристапот до трибините им е забранет поради мерките околу корона-вирусот. Рекордниот број на продадени билети за еден спортски настан во нашата земја како иницијатива за спас на најтрофејниот македонски клуб, не беше оправдан со триумф во „македонското Ел Класико“.

Петковски уште во третата минута им донесе предност на домаќините, за веќе во 22-та минута Пелистер да дојде до израмнување преку Пејаковиќ. Вардарци добро го започнаа и второто полувреме со нов брз гол на Мирчевски за 2-1, меѓутоа фудбалерите на Илиевски и по вторпат потфрлија во обидот да ја сочуваат предноста, а конечните 2-2 ги постави Маневски во 79-тата минута.

Вардар останува на шестото место на табелата со 26 бода по 19 натпревари, Пелистер е на 10-тото место со 19 бода.

Останати резултат од 19-тото коло во ПМФЛ:

Борец 0-1 Шкупи, Ренова 2-4 Беласица, Силекс 1-2 Шкендија, Струга ТЛ 1-1 Македонија Ѓорче Петров.

- Оглас -

Најнови вести