Малер на колото: Црвена ѕвезда „од џеб му извади“ 10.000 евра

Изминатиов викенд дефинитивно е еден од највозбудливите за играчите во обложувалниците на Sport Life. Вчера објавивме за двајцата другари кои во уплатно место во Драчево на две ливчиња од по 20 денари, успеаја да освојат неверојатни 40.000 евра. На двете добитни ливчиња има погодено по 31 натпревар.

Сепак, дека не секогаш среќата се насмевнува, покажува и тикетот на Даниел Боневски. Изминатиов викенд тој решил да уплати тикет на кој ќе има дури 26 мечеви за типување. Уплатил 200 денари, а потенцијалната добивка била 742.781 денари.

Од сите уплатени средби, на крајот само белградското дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан беше пресудно за ливчето да не е добитно. Даниел типувал за победа на Ѕвезда, а средбата заврши 1-1. Да му биде уште покриво на Боневски, Ѕвезда даде гол, но судијата го поништи, а подоцна судиската комисија во српскиот фудбал процени дека голот требало да биде регуларен.

Едноставно, ова е еден од оние тикети кои ги викаме „за едно“. Иако играта и типовите се одлични, ливчето на Даниел овојпат го заслужи приматот за „Малер на неделата“.

- Оглас -

Најнови вести