Манасков демантираше дека потпишува за Динамо Букурешт

Македонското репрезентативно крило Дејан Манасков ги демантираше написите дека ќе потпишува за Динамо Букурешт.

Утринава се појавија информации дека крилото по крајот на сезоната, откако ќе му истече договорот со Веспрем, ќе замине во Романија, но очигледно е дека од тоа нема ништо.

На својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ Манасков само напиша дека е лажна веста и со тоа го остави отворено прашањето каде ќе игра во следната сезона.

Во својата досегашна кариера, синот на легендарниот Пепи Манасков играше за: Металург, Вецлар, Рајна-Некар Левен, Вардар и Веспрем.

- Оглас -

Најнови вести