Манчестер сити му плаќа на Халанд многу повеќе од тоа што се знае во јавноста!

За машината за давање голови, Ерлинг Халанд, против кого се потпишува петиција да биде исфрлен од Премиер лигата затоа што „не е човек, туку робот“, се знаеше дека зема неделна плата од 400.000 фунти, но всушност зема повеќе од двојно од тоа.

Англиските медиуми дошле во информации дека Манчестер сити му плаќа на Халанд околу 900.000 фунти, што е речиси 1 милион евра неделно.

Основната плата навистина му е 450.000 евра, но во договорот има и неделни бонуси, па со головите кои ги постигнува на секој меч, Халанд во пракса заработува многу повеќе пари од платата. Ова значи дека Халанд годишно би земал 52 милиони евра, но газдите на клубот не жалат да плаќаат бидејќи од Ерлинг го добиваат тоа што го бараат, а тоа се еден куп голови.

- Оглас -

Најнови вести