Мане го прекина постот во Премиер лигата и му ја исполни желбата на волонтерот со посебни потреби (фото)

Садио Мане цели два месеци чекаше на погодок во Премиер лигата, откако последно заби во ремито од 2-2 во градското против Евертон.

Кристал палас не можеше да биде деветтиот тим против кого Мане ја нема затресено мрежата во 60-дневниот пост, па со гол и асистенција учествуваше во голеадата од 7-0 во корист на англискиот првак.

Мане при прославата на голот не го заборави својот верен фан Ли Свон, 31-годишниот волонтер во градско здружение. Ли боледува од Даунов синдром, меѓутоа тоа не го спречува од срце да навива за Црвените од „Енфилд“, а кога минатиот месец беше во посета на стадионот, побара од Мане да му ја исполни желбата и да прослави гол како него, во чест на починатиот дедо.

Мане ги бакна прстите и ја крена раката кон небото, со насмевка се потсети на желбата на Ли и ги стопи срцата на фановите.

- Оглас -

Најнови вести