Манолас блиску до потпис со Наполи

Наполи е многу блиску да го реализира трансферот на Костас Манолас од Рома откако Волчицата ја прифати понудата од 36 милиони евра. Грчкиот репрезентативец допрва треба да ги договори условите со екипата од „Сан Паоло“ и ќе претставува замена за Раул Албиол, кој се наоѓа пред трансфер во Вилјареал.

Иако Рома првично одбиваше да остане без еден од клучните играчи, со активирањето на постоечката клаузула, раководството е должно да му дозволи на Манолас да преговара со Наполи. Воедно, екипата од Рим се обидува да постигне договор со играчот за врска на Наполитанците Амаду Дијавара, но тој трансфер не би бил вклучен како размена за грчкиот дефанзивец.

Манолас од 2014 година е играч на Рома, во трансфер вреден 15 милиони евра пристигна од редовите на Олимпијакос. За него се интересираа и двата клубови од Манчестер, Арсенал, како и италијанскиот првак Јувентус, но на крајот Карло Анчелоти е тој што ќе ги добие услугите на Гркот.

- Оглас -

Најнови вести