Марадона ги освои симпатиите во целиот свет: Сакам да ја снема оваа пандемија и веќе да нема гладни и сиромашни

Пред точно 60 години, во Аргентина се роди Диего Армандо Марадона, кој стана симбол за фудбалот и еден од најдобрите играчи на сите времиња. Во текот на целиот живот, Марадона бил многу контроверзен, знаел да биде и цел на осуда, но тоа што Аргентинецот го посака за својот денешен роденден го плени целиот свет.

„За себе не сакам ништо. Сакам оваа смртоносна пандемија да ја снема. Сакам сите да не остави на мира, посебно оние земји во кои луѓето и децата се толку сиромашни што не може да се бранат од неа. Сакам, тука во Аргентина и во многу други делови од светот да го снема гладот и луѓето да може да добијат работа“, рече Марадона.

За кариерата на Марадона и тоа зошто беше избран за најдобар фудбалер во светот за 20 век, прочитајте ТУКА.

Легендарниот Диего не можеше да не искоментира и за желбата на фудбалски план.

„Со оглед на тоа дека не можам да престанам да зборувам за фудбалот, би сакал да освојам една титула со мојот Гимнастик. Во иднина би сакал да освојам и едно Скудето и со Наполи. Го следам Наполи, ми се допаѓа овој тим сега“, додаде Марадона.

 

- Оглас -

Најнови вести