Матеус: Баерн само ако потфрли може да загуби од Барса, Сетјен: Нема да им биде лесно

В петок 14-ти август, Барселона и Баерн Минхен во Лисабон ќе водат голема битка за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, па веќе почна психолошката војна на зборови на двете страни. И едните и другите се оптимисти дека ќе победат.

Легендата на Баерн, Лотар Матеус, после победата над Челзи, рече дека Баерн само ако одигра многу лошо, може да загуби од Барселона. И квотите во Sport Life го фаворизираат германскиот првак.

„Во еден меч многу работи може да се случат, ризикот е голем ако имате лош ден. Барселона има квалитет, но мислам дека Баерн треба многу да потфрли за да загуби од Барса“ – рече Матеус.

Еуфоричен по триумфот над Наполи беше и тренерот на Барселона, Кике Сетјен. Тој изјави дека Барселона е најдобар тим на светот и го има најдобриот фудбалер.

„Ние го имаме најдобриот играч на светот, но тие го имаат Левандовски кој даде 13 гола. Нема фаворити, нема да ни биде лесно против Баерн, но и на нив нема да им биде лесно против нас“ – рече Сетјен.

- Оглас -

Најнови вести