Мегваер шокиран од тоа како го пречекаа во Австралија

Манчестер јунајтед без многу проблеми, со 3:1 го победи Кристал палас, во контролен меч одигран во Мелбурн, во Австралија. Црвените ѓаволи на полувремето водеа со 1:0, а во вториот дел постигнаа уште два гола за лесна победа.

Иако имаше дури четири гола, мечот го одбележа однесувањето на навивачите на Манчестер јунајтед од трибините. Само што почна мечот, фановите на Црвените ѓаволи се „нафрлија“ врз капитенот Хари Мегваер. При секој допир на топката на Мегваер, од трибините се слушаа свирежи и негодувања.

Со овие извици, навивачите на Манчестер во Австралија сакаа да му порачаат на Мегваер дека се лути поради неговите киксови што ги имаше во минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести