Мејведер се пофали: Седум автомобили, за секој ден по еден (Видео)

Поранешниот американски боксер Флојд Мејведер сака да се фали со богатството кое го има стекнато низ годините, а една од последните објави му е покажувањето на новиот возен парк. Мејведер ги покажа седумте бели луксузни автомобили, а во објавата напиша „Седум играчки за секој ден во неделата“.

Меѓу возилата кои се на видеото, може да се забележат: два „ролс-ројса“, „ламбурџини“, „ферари“, „ренџ ровер“, „бентли“ и „мајбах“.

Мејведер го доби прекарот „Човек-пари“, а во текот на кариерата заработи 1,2 милијарди долари. Често јавно се фали со луксузни часовници, накит, но и многу пари. Во боксерската кариера Мејведер имаше 50 меча и никогаш не загуби меч.

- Оглас -

Најнови вести