Мекгрегор бара помош од војската за да се спаси нацијата

Еден од најконтроверзните УФЦ борци, Конор Мекгрегор уште еднаш ја покажа својата загриженост поради пандемијата создадена од Коронавирусот. Мекгрегор веќе донираше еден милион евра и јавно апелираше до сите граѓани во Ирска да останат во своите домови, затоа што тоа е најдобриот начин за борба против опасниот вирус.

Сепак, очигледно дека апелите на Мекгрегор не ги сфаќаат баш најсериозно неговите сограѓани, па Конор апелираше дека во целата ситуација треба да се вклучи и војската.

„Нашата армија е тука ако треба да им помогне на 15.000-те полицајци кои се ставени на располагање. Мислам дека тоа ќе биде неопходно. Секој член на нашето општество треба да ги прифати мерките. Оние кои тоа не го почитуваат го загрозуваат цело општество, цела нација. Затоа, направите голем гест за својата нација и останете во своите домови“, повторно апелираше Мекгрегор.

- Оглас -

Најнови вести