Мерак е да се гледа ваква репрезентација на Македонија, водиме 4:0 на полувреме

Македонската фудбалска репрезентација води убедливо со 4:0 против Гибралтар по првото полувреме, во меч од четвртото коло во Лигата на нации. Резултатот можеше да биде и поубедлив, ако се знае дека Македонија имаше и една пречка, а голманот на гостите спаси неколку чисти ситуации за погодок.

Дека овој меч ќе биде гол-шоу се покажа по неполни четири минути игра. Капитенот Енис Барди од слободен удар од 25 метри даде еврогол, а потоа следуваа два погодоци на Бојан Миовски, па по само 15 минути игра беше 3:0 за Македонија.

За четвртиот погодок се чекаше до 30 минута кога Чурлинов немаше тешка задача да погоди за 4:0.

- Оглас -

Најнови вести