Меси е најдобра „деветка“, „десетка“, „шестка“, „четворка“…

Пеп Гвардиола вчера уште еднаш посведочи на величината на Серхио Агуеро. Аргентинецот со хет-трикот против Астон вила ја надополни својата голгетерска сметка, а воедно го потврди своето место во елитното друштво на најдобри голгетери кои некогаш играле во Премиер лигата.

По мечот, Гвардиола го прашаа дали Агуеро е најдобра „деветка“ во моментов, односно најдобар напаѓач.

„Најдобра „деветка“ е Меси. Тој е и најдобра „десетка“, „седумка“, „петка“, „четворка“… А, меѓу останатите, Агуеро е дефинитивно најдобар“, истакна Гвардиола.

Прочитајте ги ТУКА подвизите на Агуеро кои ги оствари вчера.

- Оглас -

Најнови вести