Меси постави нов неверојатен рекорд во Примера

Луис Суарес и Лионел Меси со голови во последните пет минути од дербито против Атлетико Мадрид, донесоа радост на повеќе од 90.000 навивачи на „Камп Ноу“. Со оваа победа, Барселона сега е на 11 бода пред „јорганџиите“ додека Реал заостанува дури 13, во трката за титулата.

Речиси е јасно дека Барселона ќе го одбрани тронот, а вечерашната победа против Атлетико, за Меси имаше дополнително значење. Аргентинскиот виртуоз стана играчот со најмногу победи во историјата на шпанското првенство.

Меси досега имаше 334 победи во Примера исто колку што се радувал и легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас. Со триумфот над Атлетико, Лео стигна до 335 победа во шпанското првенство и до уште еден рекорд во негова сопственост.

- Оглас -

Најнови вести