Меси се потпиша под тетоважата со негов лик на бразилски навивач

Бразилскиот фудбалски фанатик Магалхаес е голем фан на Барселона, па без многу двоумење, решил да го истетовира грбот и тоа со ликот на легендарниот Лионел Меси. Иако Меси е капитен на лутиот бразилски ривал Аргентина, Магалхаес како навивач на Барселона се решил за тетоважа на Лео со дресот на Барселона.

Тоа е моментот од дербито против Реал Мадрид, кога Барселона со 3:2 победи на „Сантијаго Бернабеу“, а Меси го соблече дресот и го покажа кон публиката. Токму тој момент е овековечен на грбот на навивачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TyC Sports (@tycsports)

Кога Меси дознал за овој навивач, била организирана нивна средба, а Меси се потпишал на грбот на фанатикот.

 

- Оглас -

Најнови вести