Меси во клинч со Родриго: Кого го нарекуваш кукавица? (Видео)

Лионел Меси имаше вербален дуел со Родриго пред почетокот на мечот меѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за СП 2026 поради нередите на трибините.

Пред закажаниот почеток на дуелот, дојде до нереди на трибините, поради што бразилската полиција почна да ги тепа аргентинските фанови, а фудбалерите на двете селекции се обидоа да ги смират нередите. Откако нивните обиди не вродија со плод, Аргентинците одлучија да се повлечат во соблекувалната одбивајќи да играат сè додека не смири ситуацијата.

При излегување од теренот, Родриго им порача на Аргентинците дека се кукавици, што го налути Меси.

„Ние сме светски шампиони што сме кукавици. Внимавај што зборуваш“ му рече Меси.

По смирување на тензиите, мечот започна со 30-минутно задоцнување, а на крајот славеше Аргентина со 1:0 нанесувајќи му го првиот пораз на Бразил во квалификациите за Светско првенство во историјата.

- Оглас -

Најнови вести