Милан ризикуваше, Лаутаро и Лукаку го торпедираа Донарума за нов голем триумф на Интер (видео)

Интер со убедливи 3-0 го потопи Милан во второто овосезонско градско дерби кое се одигра во лигашки рамки. По победата во Купот, тимот на Антонио Конте повторно доминираше против Росонерите и потврди дека е прв фаворит за освојување на Скудетото.

Напаѓачкото дуо Ромелу Лукаку – Лаутаро Мартинес беше преголем залак за Милан, тие двајца го торпедираа Донарума, додека на другата страна Хандановиќ правеше чуда пред својата мрежа.

Дербито не можеше да започне полошо за домаќините, кои примија гол уште во петтата минута по акцијата која ја почна Лукаку, а ја заврши Лаутаро. Јасно му беше на Пиоли дека мора да ризикува за да се спаси од пораз, па така Милан тргна доста офанзивно во второто полувреме.

Во период од три минути Хандановиќ оствари три одлични интервенции, пред сè спречи две големи шанси на Ибрахимовиќ. Тоа како да им даде самодоверба на гостите дека треба да ги решат дилемите, по што тргнаа во напад и зголемија на 2-0 со вториот гол на Лаутаро на средбата во 57-та минута.

https://twitter.com/grandesligas_/status/1363509345292591106

Неполни 10 минути подоцна, Интер во нов контранапад ги осигура бодовите откако расположениот Лукаку сам тргна во соло-акција и ја заврши со ефектен погодок за конечни 3-0.

https://streamable.com/3o51h3

Интер сега е на врвот со +4 бода во однос на Милан, има 53 бода по 23 одиграни натпревари во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести