Ова е историски неуспех за Милан!

Во изминативе осум месеци Милан делуваше како тим што не може никој да го победи. Со 19 победи и само пет нерешени, Росонерите ја имаа најдобрата серија без неуспех во Европа. Таа низа беше сопрена вечерва, и тоа на нивниот „Сан Сиро“.

Можеби малкумина веруваа дека Лил има квалитет да го изненади Милан, но не само што гостите победија, туку остварија и историски триумф каков што не паметат и многу посилни и позвучни екипи. Лил е првиот тим кој успеал да го победи Милан на „Сан Сиро“ со три гола разлика.

Милан за првпат по 2011 година прими три гола на домашен терен. Последен кој трипати се радуваше на погодок во Милано е Барселона, во победата од 3:2.

Победата на Лил не е толку случајна, ако се знае дека токму францускиот првак има низа од 15 меча без пораз во сите натпреварувања. Јусуф Јазичи со хет-трик е херој на гостите.

 

- Оглас -

Најнови вести