„Милионерите“ имаат супер замена за Халанд – Доаѓа талентот којшто го скаутираа во Скопје

Официјалната потврда на трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмун во Манчестер сити е само прашање на време.

Норвежанецот ги договорил личните услови со шампионот на Англија, додека останува само да се плати откупната клаузула од 75 милиони евра.

Борусија ќе остане без најдобриот свој играч, но та веќе има пронајдено негова замена. Веќе се преговара со талентот на РБ Салзбург, Карим Адејеми. Тој пред неколку месеци со селекцијата на Германија играше на арената „Тодор Проевски“ против Македонија, а како што пишувавме, присуствуваа скаути од Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Дортмунд ќе ги обезбеди услугите на младиот Германец за околу 35 милиони, евра со што севкупно би биле во ќар од 30 милиони евра од продажбата на Халанд.

Дваесетгодишниот напаѓач сезонава во австриската Бундеслига има 27 настапи и 19 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести