Милионерите урнаа еден клупски рекорд со гол-шоуто во Падерборн, на повидок е уште еден

Убедливите 6-1 на денешното гостување кај Падерборн беа доволни за тимот на Борусија Дортмунд да урне клупски рекорд за постигнати погодоци за една сезона во Бундеслигата по 20 натпревари. Вкупно 80 гола сместија Милионерите во противничките мрежи на пет кола до крајот на шампионатот, а на прагот се да урнат уште еден рекорд и тоа прилично поважен.

На фудбалерите на Лусиен Фавр им се потребни уште три гола за да постават нов рекорд за постигнати погодоци во домашниот шампионат, во нивната клупска историја воопшто. Составот од сезоната 2015/16 важи за најефикасен досега со 82 гола по 34 натпревари.

Дортмунд во следното коло ќе има прилика да ги помести тие граници, кога ќе се соочи со екипата на Херта Берлин на домашен терен на 6 јуни.

- Оглас -

Најнови вести