Мојс: Да ми кажеше некој дека во иста сезона ќе се спасам од испаѓање од Премиер лигата и ќе освојам европски трофеј…

Менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс, вчера го доживеа најголемиот момент во тренерската кариера, со Чеканите триумфира во Лигата на конференции откако во финалето беа подобри од Фиорентина со 2:1.

„Ова е фантастично, имав долга кариера во фудбалот и не добивате многу вакви моменти. Вакви работи не им се случуваат често на тренерите. Ова е неверојатен момент за сите нас“, изјави Мојс, кој на Вест хем му го донесе првиот трофеј по 43 години.

Мојс исто така стана прв тренер од Шкотска по сер Алекс Фергусон кој освоил европски трофеј и на најдобар начин ја заврши сезонава со Вест хем, кого во последните кола од сезоната успеа да го спаси од испаѓање од Премиер лигата.

„Да, слободно можам да кажам дека ова е најдобриот момент во кариерата. Не се случува често да прославувате заедно со семејството, како и да победите со гол во последната минута. Понекогаш се случува спротивното, но сега чувството е прекрасно. Доколку некој пред три години, кога седнав на клупата на Вест хем, ми кажеше дека во иста сезона ќе се спасиме од испаѓање од Премиер лигата и ќе освоиме европски трофеј, нормално дека не би му поверувал“, рече Мојс на прес-конференцијата по триумфот во Лигата на конференции.

- Оглас -

Најнови вести