Молиме без плукање и радување – Премиер лигата забранува каков било контакт во следните 12 месеци

Без плукање на терен, менување дресови и радост по головите во Премиер лигата се веќе познати мерки како услов за продолжување на сезоната, но британскиот „Телеграф“ екслузивно објавува дека тие ќе траат цели 12 месеци.

Фудбалерите во Премиер лигата ќе бидат под засилен надзор и ќе мора да ги почитуваат овие протоколи до крајот на оваа сезона и веројатно и до завршување на идната.

Нема да биде дозволено и користење заеднички предмети, секако и пиење вода на повеќе фудбалери од исто шише и ред други мерки за да се сочува здравјето на фудбалерите.

Точен датум за рестарт на тековната сезона во Англија сè уште нема, но останува претпоставката дека 92 натпревари во Премиер лигата ќе се одиграат од 8 јуни до 27 јули.

Се планира мечевите да се доиграат на неколку стадиони, но и за таква одлука треба потврда од Владата на Велика Британија.

Дел од англиските екипи имаат обврски да ја завршат и сезоната во еврокуповите, а УЕФА веќе најави дека август ќе биде резервиран за доигрување на мечевите од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа.

Финалето во ЛШ е закажано за 29 август во Истанбул, а три дена претходно ќе биде познат победникот во ЛЕ по финалето во Гдањск.

- Оглас -

Најнови вести