Морено му ја посвети титулата од ЛШ на трагично загинатиот Рејес (фото)

Излив од емоции вчера го преовладуваа Алберто Морено, фудбалерот на Ливерпул. Иако Шпанецот не е во прв план кај Јирген Клоп и не настапи во победата над Тотенхем во финалето, тој при прославата носеше маица на која пишуваше посвета за неговиот близок пријател Хозе Антонио Рејес.

Рејес вчера на 35 години трагично го загуби животот во стравична сообраќајна несреќа. Тој и Морено во минатото заедно ги бране боите на Севилја, локалните момци од Севилја долго време беа и блиски пријатели, па токму затоа фудбалерот на Ливерпул реши да му ја посвети освоената титула.

„Оваа победа е за тебе брате, почивај во мир“, стои во пораката која подоцна Морено ја објави и на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести