Мотивацијата даде плод, па сега перуанската убавица ќе има многу работа

Перу за првпат по 1975 година ќе игра во финале на Копа Америка откако утрово со 3:0 го победи актуелниот првак Чиле. Малку кој веруваше дека Перу ќе биде во мечот за трофејот, но Перуанците покажаа храбра игра и се изборија за меч во финалето против Бразил.

Против Чиле, освен мотивот да се стигне до финале, фудбалерите имаа и дополнителен мотив. Убавата перуанска глумица Стефани Кајо даде јавно ветување дека ќе го бакне оној фудбалер кој ќе постигне гол за победа против Чиле. „Најсериозно размислувам да го бакнам тој што ќе биде заслужен за победа против Чиле. Секако, тоа би го направила само со дозвола од него“, напиша убавата Кајо.

Перу не само што го победи Чиле, туку тоа го направи на убедлив начин со три дадени голови. Сега останува глумицата да си го исполни ветувањето. Дали Кајо ќе се понуди да ги бакне сите тројца стрелци на головите или ќе одбере само еден, засега не објавила.

Освен тројцата стрелци, меѓу оние кои беа најзаслужни за победата над Чиле, секако е и голманот Гаљас, кој едноставно беше непогрешлив и ги одбрани сите удари на противниците. Посебно со стил, голманот на Перу го одбрани пеналот на Варгас, кој се обиде да погоди со Паненка, но неговиот удар беше одбранет, и тоа со една рака.

- Оглас -

Најнови вести