Можни состави за денешните мечеви во Лигата на шампиони

По повеќе од два месеци пауза, продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите. Во трка за трофејот останаа 16 екипи, а сега и веќе се нема право на грешка. На ред се нокаут мечевите, а први на терен ќе излезат Рома против Порто и Манчестер јунајтед во дуел против ПСЖ.

Според моментната ситуација и играчи со кои располагаат тренерите ова се можните состави за вечерашните дуели.

Манчестер јунајтед – ПСЖ

Стадион: „Олд Трафорд“. Судија: Даниеле Орсато од Италија. Почеток: 21 часот

Манчестер ј (4-3-3): Де Хеа, Јанг, Линделоф, Џонс, Шоу, Ерера, Матиќ, Погба, Лингард, Рашфорд, Марсијал.

ПСЖ (3-4-2-1): Буфон, Кехер, Силва, Кимпембе, Барнет, Маркињос, Верати, Алвеш, Дракслер, Ди Марија, Мбапе.

 

Рома – Порто

Стадион: „Олимпико“ во Рим. Судија: Дани Макеле од Холандија. Почеток: 21 часот.

Рома (4-1-2-3): Миранте, Флоренци (Карсдорп), Манолас, Фазио, Коларов, Де Роси (Н’зонзи), Пелегрини, Кристанте, Заниоло, Џеко, Ел Шарави.

Порто (4-1-2-3): Касилјас, Едер Милитао, Филипе, Пепе, Алекс Тељес, Данило, Ерера, Оливер Торес, Отавио, Соарес, Брахими.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести