Мурињо е горд на неговите „тепачи“, ги оправда Љорис и Сон

Обидот на Уго Љорис, голманот на Тотенхем, да го тепа соиграчот Сон Хеунг-мин додека излегуваа од теренот на полувремето на синоќешниот меч со Евертон предизвика големо внимание, а тренерот Жозе Мурињо ја оправда постапката на Французинот и Кореецот. За среќа, до поголем инцидент не дојде, нивните соиграчи спречија такво нешто, па кога влегоа во тунелот кон соблекувалните, страстите се смирија, а пред почетокот на второто полувреме тие заборавија на случката, се поздравија и се прегрнуваа.

„Тоа беше прекрасно. Веројатно е последица од нашите состаноци. Јас сум виновен за ова бидејќи жестоко ги критикував. Го правев тоа бидејќи според мене, играчите не си се критикуваа доволно едни со други. Од играчите побарав да бараат повеќе едни од други, да извршат притисок врз тимскиот дух, да даваат максимум“, рече Мурињо, за кого не се проблем неколку лоши зборови и обид за туркање, туку важно е што растеле како тим.

„Бев задоволен. На полувремето им кажав дека ваквите реакции покажуваат дека се грижат, дека има тимски дух и дека заедништвото треба да остане до крај“, додаде Мурињо.

https://twitter.com/i/status/1280235058511650816

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести