Мурињо контра-ефект: Повеќе порази со Тотенхем во нецела сезона, отколку во две сезони со Челзи

Тотенхем по седми пат претрпе пораз во Премиер лигата откако Жозе Мурињо ја презеде клупата, претходно денеска Шефилд им зеде мерка на Петлите со конечни 3-1.

Португалскиот стратег има потешкотии откако го замени Маурисио Покетино, па за само шест месеци, односно во вториот дел од сезоната претрпе повеќе порази отколку во првите две сезони како предводник на Челзи.

Во шампионските сезони 2004/05 и 2005/06, Сините под палката на Жозе запишаа шест порази во вкупно 76 натпревари, додека седум разочарувања претрпеа Петлите во 20 меча со Мурињо на кормилото.

- Оглас -

Најнови вести