Мурињо не запира со Рома, кај Волчицата доаѓа одличен играч на ПСЖ

Жозе Мурињо има сериозни планови да направи одличен тим и Рома да биде кандидат за Скудетото во Италија, па по Пауло Дибала, веќе е договорен и трансфер на Џини Вајналдум.

Одличниот играч на Пари Сен Жермен веќе се согласи да се пресели во Рим, а Светците од Париз бараат варијанта да ѝ го позајмат Холанѓанецот на Рома, со клаузула за откуп на неговиот договор што би вредела 15 милиони евра.

Рома и Мурињо претходно направија одличен потег со ангажман на Пауло Дибала, кој дојде од Јувентус и потпиша договор до 2025 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести