Мурињо во 2004 година вети, а денес успеа да го уништи Манчестер (Фото)

Манчестер јунајтед загуби со 3:1 од Ливерпул на „Енфилд Роуд“, а според многумина дербито беше загубено уште кога се дознаа почетните состави на двата тима. Стратегот на Манчестер, Жозе Мурињо се реши на клупата за резерви да остави неколку големи ѕвезди, што беше повеќе од збунувачки.

Токму таквиот избор на Мурињо се наведува како еден од многуте погрешни сезонава и клучен за поразот во дербито од Ливерпул. Манчестер прими три гола и беше немоќен во поголемиот дел од мечот. По 17 одиграни кола, „црвените ѓаволи“ заостануваат дури 19 бодови зад Ливерпул, а имаат 11 помалку од Челзи кој е на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампиони за следната сезона.

Освоените 26 бода по 17 меча се најмалку за „црвените ѓаволи“ во овој дел од сезоната во последните 28 сезони.

На социјалните мрежи веќе започнаа да кружат пораки и фотографии на „сметка“ на Мурињо. Една од највпечатливите е таа на која се потсетува дека Мурињо во 2004 година, додека беше тренер на Челзи, даде изјава дека „ќе го уништи Манчестер јунајтед“. Според навивачите на Манчестер, денеска дојде тој ден и Мурињо ја исполнил мисијата поставена од пред 14 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести