Мурињо во свој стил: Им кажав на моите играчи да бидат кловнови

Жозе Мурињо беше во свој елемент на вчерашниот натпревар меѓу Рома и Аталанта, којшто неговиот тим го загуби со 1:0.

Португалецот доби црвен картон, а потоа се откри кои зборови му ги упатил на главниот судија.

На прес-конференцијата, Мурињо повторно имаше свое шоу.

„Откако не ни беше досуден пенал, им кажав на моите играчи дека при секој контакт во шеснаесетникот да бидат кловнови и да паѓаат и да се жалат дека се повредени. Да не се обидуват да играат на додавања или да шутираат, туку само да паѓаат и да скокаат како да се во базен“, изјави Португалецот во свој стил.

 

- Оглас -

Најнови вести