Мурињо во свој стил: Моите напаѓачи се во болница, а Челзи…

Жозе Мурињо го претрпе вториот пораз од поранешниот клуб Челзи откако ја презеде клупата на Тотенхем. Петлите денес останаа со празни раце во лондонското дерби кое припадна на Сините со 2-1, а по мечот Жозе Мурињо во свој стил успеа да се оправда за поразот.

„Горд сум на моите играчи, особено на оние кои во изминатиов период играат константно и се доста уморни. Не можам да се жалам за денешниот резултат, но ако ја гледаме реалната слика, ние игравме без напаѓач. Моите голгетери се во болница, додека Лампард од почетокот располагаше со светски првак во нападот, вториот напаѓач на Англија му беше на клупата, а си дозволи да го тргне од составот и вториот најдобар голгетер на белгиската репрезентација“, изјави Мурињо.

Португалецот мака мачи со повредите на клучните Хари Кејн и Сон Хјон Мин, на кои им се предвидува враќање на терените при крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести