На Јастребите им здосадија поразите

Атланта хоукс – Голден стејт вориорс (НБА, 01.30 часот)

Атланта игра неверојатно лошо и нанижа 10 порази по ред, па ноќеска на свој терен ќе се обиде да ја прекине црната серија против најлошиот тим во лигата.

И двете екипи имаат по 4 победи, но Голден стејт има вкупно 17 порази, еден повеќе од Хоукс. Гостите се со веќе познатите проблеми, поради повреди им фали речиси целата стартна петорка, а во таков случај Атланта е фаворит.

Домаќините имаат двајца кошаркари што се квалитетен НБА-калибар, но очигледно е дека Тре Јанг и Џабари Паркер не можат сè сами.

Голден стејт има многу проблеми, не игра добро и ќе типуваме дека Атланта ќе ја прекине долгата серија порази. Имаат 8 неуспеси по ред против Голден стејт, но тие мечеви беа во поинакви околности кога Воините имаа дрим-тим.

Предлог тип: 1 (1.43)

 

Милвоки бакс – Њујорк никс (НБА, 02 часот)

Милвоки ја има најдолгата серија победи во моментов во НБА-лигата, нареди 11 успеси и е во топ-форма. Најважно за нив е што кратко траеше паузата за Крис Мидлтон, кој е кошаркар од олстар-калибар и многу важна алка за тимот.

Бакс се лидери во Источната конференција и се најдобар тим во НБА-лигата заедно со Лос Анџелес лејкерс според билансот од 17-3.

Јанис Адетокумбо игра извонредно, го оддржува ланското ниво, кога беше прогласен за МВП на првенството, а Елените се непобедливи.

Њујорк никс е една од најслабите екипи во моментов во НБА-лигата и со скор од 4-16 го дели последното место на Истокот заедно со Атланта хоукс.

Ноќеска веројатно повторно нема да игра Маркус Морис, една од малкуте светли точки кај Никс, па ќе типуваме дека Милвоки ќе победи убедливо.

Предлог тип: 1 со хендикеп 13.5 поени (1.58)

 

Сакраменто – Чикаго булс (НБА, 04 часот)

Сакраменто игра многу солидно и покрај тоа што една од двете ѕвезди во тимот Де Арон Фокс е повреден и не игра. Голем поттик за Кралевите е победата против Денвер по продолженија, па ќе влезат како фаворити за победа против Чикаго.

Булс се далеку од некогашниот сјај во ерата на Мајкл Џордан, па се мачат и сезонава со биланс од 6 победи и 14 порази.

Проблем за нив е што Зак Лавињ и Лаури Марканен не играат во континуитет како што умеат, па Чикаго има двојно и повеќе порази од победи.

Сакраменто во последно време е многу незгоден ривал за Чикаго, има четири победи по ред, па ќе типуваме и на петка.

Предлог тип: 1 (1.65) Супер тип на Sport Life 

 

Бафало сејбрс – Њу Џерси девилс (НХЛ, 01 часот)

Бафало е конкурент за настап во плејофот, а Њу Џерси има уште една скромна сезона во НХЛ и иако е рано, тешко ќе стигне до доигрувањето.

Девилс загубија од Бафало со катастрофални 2:7 во единствениот меѓусебен меч во оваа сезона во НХЛ-лигата и повторно се аутсајдери.

Проблем за Ајкулите е што имаат доста повредени играчи, но во составот ќе бидат нивните најдобри напаѓачи, Ејчел, Олафсон и Рејнхарт, што ветува нов успех на Бафало и предност од 2:0 во меѓусебните дуели со Њу Џерси.

Предлог тип: 1 (2.35) Супер тип на Sport Life

 

Њујорк ренџерс – Вегас голден најтс (НХЛ, 01 часот)

Њујорк драстично ја подобри формата и е во серија без пораз во регуларен дел на последните пет меча. Во тој период загубија само од Бостон по продолженија, но и тоа не ја расипа добрата атмосфера кај Ренџерс.

Вегас е фаворит, со две победи во дополнително време ги оставија зад себе трите порази во низа, но ќе имаат проблем со разиграниот тим на Њујорк.

Ренџерс по долг период се во победнички ритам, апетитите растат, а хокеарите покажаа дека можат да се носат и со фаворитите за титулата.

Очекуваме неизвесен меч и ќе типуваме дека домаќините нема да загубат.

Предлог тип: 1Х (1.68)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести