На Ливерпул му фалат 50 милиони евра за новиот Роналдо

Ливерпул и Бенфика не најдоа заеднички јазик за трансфер на новиот Кристијано Роналдо од Лисабон на „Енфилд Роуд“. Се работи за 19-годишниот талент Жоао Феликс, кој многу потсетува на сонародникот Роналдо. Феликс е еден од најперспективните млади играчи во Европа и за него Ливерпул и понудил на Бенфика одлична сума од 70 милиони евра, но и тоа нее доволно.

Раководството на Бенфика ја истакна цената за продажба на Феликс и таа изнесува фантастични 120 милиони евра. Во трката за ангажман на португалскиот бисер се вклучија и Манчестер сити, Пари Сен Жермен, Барселона…, па останува да се види дали Ливерпул, кој е најконкретен ќе ја зголеми понудата до цената која ја бара Бенфика.

Феликс сезонава одигра 17 натптревари за Бенфика, постигна 6 погодоци и го сврте вниманието на гигантите во европскиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести