На Меси му се заканува неславен рекорд против Реал Мадрид

Барселона и Реал Мадрид утре ќе го играат долгоочекуваното прво Ел Класико за оваа сезона. Дуелот кој првично требаше да се игра во октомври, беше одложен за 18 декември поради политичките демонстрации во главниот град на Каталонија.

Најатрактивното дерби во светот доаѓа во вистинско време. Двата тима имаат по 35 поени и го делат првото место на табелата во Примера. Интересно е и тоа што двата клуба имаат по 72 победи во првенствените мечеви, што значи дека евентуалниот победник покрај тоа што ќе се издвои на чело на табелата во Примера, туку и ќе поведе и во вкупниот број на меѓусебни победи.

Лионел Меси е главната ѕвезда на Ел Класико. Капитенот на Барселона низ годините успеа да стигне до приматот за најдобар стрелец во историјата на дуелите меѓу Барселона и Реал Мадрид. Меси вкупно има дадено 26 голови против Реал Мадирд, од кои 18 се во првенствени мечеви.

 

Сепак, сега на Меси му се заканува еден неславен рекорд. На последните три Ел Класика, Меси не успеа да постигне ниту гол, ниту да асистира. Ако и утре на „Камп ноу“ не биде директен учесник во евентуален погодок на Барселона, тоа ќе биде првпат Лео да спои четири меча без гол и асистенција против Реал.

За Меси утрешниот меч ќе биде број 42 против Реал и ќе излезе на второто место на играчи кои биле дел од Ел Класико. Пред него ќе биде само капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој го чека 43-тиот предизвик против Барселона. Каталонците ја имаат фаворитската улога, но овие мечеви многу често знаеле да донесат многу возбудувања и неочекувани резултати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести