На морбиден начин ги провоцираа со ковчег, тие се разбудија и почнаа да даваат голови од пола терен (Видео)

Гремио се разигра и со четири победи на последните 7 натпревари си ги врати шансите за опстанок во Првата лига на Бразил.

Ноќеска убедливо со 3:0 го победи Сао Пауло, а мечот го одбележа извонредниот гол од половина терен на Жоната Роберт како шлаг на одличната претстава на домаќините.

Grêmio [3] – 0 São Paulo – Jhonata Robert 90+4′ (Goal from the MIDFIELD!) from soccer

Гремио на две кола до крајот на првенството сè уште е во опасната зона за испаѓање, но ја намали разликата само на 3 бода во однос на екипите што се непосредно над четирите последни места што водат во понизок ранг на натпревари.

Пред еден месец се случи морбиден инцидент на дербито со Интернасионал, што го загубија со 1:0 на гости, а играчите на големиот ривал ги провоцираа фудбалерите на Гремио со слика со ковчег по завршувањето на мечот.

Двете екипи се големи ривали, а асоцијацијата беше јасна со провокацијата на Интернасионал, дека на Гремио му следува пат во Втората лига.

 

 

- Оглас -

Најнови вести