На полувремето од Франција – САД, робот погодуваше слободно фрлање, тројка, и шут од половина терен (Видео)

Роботите во иднина би можеле да ги засенат и најдобрите шутери во светската кошарка. На полувремето од денешниот олимписки дерби меч помеѓу кошаркарските селекции на Франција и САД кој го добија Французите, Јапонците го претставија роботот кој со баскет во раката, погоди шутеви од линијата за слободни фрлања, па од зад линијата за три поени, и на крај, од центарот на игралиштето.

Роботот има и одредени лимити, бавен е при исфрлањето на топката, но кога ќе шутне, не знае да утне. Веројатно уште долго време роботите нема да може да дриблаат ниту да шутнат ако против нив се игра одбрана, но барем околу прецизноста, нема маана.

Погледнете како изгледа кога робот погодува тројки, од кои едната од половина терен:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести