Надал одговори шармерски на честитката од Ѓоковиќ: Многу ми значи, секогаш сме се почитувале

Рафаел Надал одговори на честитката од Новак Ѓоковиќ што ја доби веднаш по победата на Отвореното првенство на Австралија и рекордната 21-ва титула.

Тие се двајцата од неверојатното трио со Роџер Федерер што поместија фантастични граници во тенисот во новиот милениум и заедно имаат 61 гренслем-титула.

Федерер поради повреда не играше на Отвореното првенство на Австралија, па и тој му испрати честитка на новиот рекордер, а Новак Ѓоковиќ по многу перипетии и десетдневна драма во Мелбурн, не доби дозвола да игра на гренслемот и беше депортиран.

„Многу ми значат честитките од двајца врвни тениски асови какви што се Новак и Роџер. Без разлика на големиот ривалитет, секогаш меѓусебно сме се почитувале.

Направивме многу добри работи за нашата игра и горд сум што играм во ваква тениска ера. На крајот тоа е само игра и не е важно дали некој ќе освои 21 или 23 гренслем-титули“, изјави Надал во традиционалното за 7News.

Во финалето во Мелбурн, во епски меч Надал успеа да анулира негатива од 0:2 и да го победи Данил Медведев со 3:2 во сетови и да стане апсолутен тениски рекордер со 21 пехар на гренслемовите, пред Ѓоковиќ и Федерер со по 20.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести