Надал се откажа од Лејвер купот

Рафаел Надал нема да продолжи со настапите на Лејвер купот. Шпанецот има воспаление во раката и ќе мора одредено време да го остави рекетот, а тоа воедно значи дека нема до крај да биде на располагање за тимот на Европа на собирот во Женева.

Надал вчера по два сета го преслуша Раониќ, а потоа истакна не ќе го отсапи своето место, а дуелот против Ник Кирјос кој требаше да се игра утринава се презакажа и започна во овие моменти, а на местото на Надал игра Доминик Тим.

„Разочаран сум што не можам да продолжам да играм на Лејвер купот, но морам одредено време да паузирам. Имам воспаление во раката кое ме ограничува да играм. Атмосферата во Женева е фантастична и уживав играјќи за тимот на Европа, а ќе останам до крај да пружам поддршка мојот тим“, истакна Надал.

Покрај дуелот меѓу Тим и Кирјос, денес во сингл ќе се сретнат Федерер и Иснер, како и Раониќ против Зверев.

- Оглас -

Најнови вести