Наинголан откри што му правеле во Интер и порача: Среќен сум што дадов гол

Интер не успеа на свој терен да го победи Калјари и одигра само 1:1. За Нераѕурите ова е трето реми по ред во Серија А, а најголем виновник за новото разочарување на „Џузепе Меаца“ е поранешниот нивни играч Раџа Наинголан. 

Наинголан минатата сезона го носеше дресот на Интер, но пред почетокот на оваа сезона беше принуден да си замине и се врати во Калјари. Токму белгискиот интернационалец го даде погодокот за Калјари во ремито 1:1. Наинголан вели дека е среќен што му дал гол на Интер, затоа што челниците на овој клуб не се однесувале соодветно кон него.

„Од една страна ми е жал за навивачите и соиграчите, бидејќи го почитувам Интер, но од друга страна не ми е жал. Среќен сум. Тие лошо ме третираа додека бев во тој клуб, како да сум просечен играч“, рече Наинголан.

Интересно е што Интер е омилена „жртва“ на Наинголан. Ова беше негов шести погодок во дуелите со Интер, а четири пати погодувал на „Џузепе Меаца“.

- Оглас -

Најнови вести