Најавија дека нема да игра поради убоди од оси, а тој со „бомба“ го нокаутира Феенорд (видео)

Александер Лаказет наводно требаше да ја пропушти денешната контролка на Лион против Феенорд поради што пред два дена претпел убоди од оси. Сепак, искусниот напаѓач се најде најде меѓу стартните 11 на Лавовите и постигна одличен погодок за водство од 1-0 во корист на Лавовите во 32-та минута.

Малку му требаше да се намести и да потегне од околу 25 метри, противничкиот голман немаше шанси за интервенција и беспомошно ја испрати топката во својот гол.

Инаку Лион славеше со 2-0, а конечниот резултат го постави Рене-Аделајде.

- Оглас -

Најнови вести