Најдраматичен е сигурно – Еден од најчудните голови во Шпанија му го расипа јубилејот на Облак (Видео)

Голот во 99. минута, односно со последниот удар на мечот на Рубен Собрино ја режираше и најголемата драма се зонава во Шпанија, а му го расипа и јубилејот на Јан Облак.

Фудбалерот на Кадис погоди со тело за победа на домаќините од 3:2 во страшно атрактивен и неизвесен меч, а триумфот е и историски.

За првпат Кадис го победи Атлетико и тоа на 13-от меѓусебен меч, откако претходно имаше 7 порази и пет нерешени дуели.

За Облак кој бранеше по 277. пат за Атлетико тоа значеше израмнување на рекордот на Диего Годин, со најмногу настапи на странски фудбалери во клубот од Мадрид.

На следниот меч за Атлетико репрезентативецот на Словенија ќе биде апсолутен рекордер и ќе го претрка Уругваецот.

- Оглас -

Најнови вести