Најмладиот беше најдобар – Бомбата на Џејмс ги разби илузиите на Брајтон (Видео)

Рис Џејмс, најмладиот играч на Челзи, беше најдобар на теренот на дуелот со Брајтон, а голот што го постигна во 56-тата минута ги разби илузиите за евентуален подвиг на домаќините и долго ќе се памети.

Челзи славеше со 3:1, а Џејмс упати вистинска бомба од 20-тина метри што заврши во горниот агол на домашниот гол. Метју Рајан беше немоќен и Челзи ја врати предноста и во тој момент поведе со 2:1.

Претходно, по големиот кикс на Стивен Алзат во 23-тата минута, голманот на Брајтон направи прекршок за пенал над Тимо Вернер, што успешно го реализираше Жоржињо за предност на гостите.

Домаќините израмнија во 54-тата минута со голот на Тросар, но радоста им траеше кратко, само 120 секунди до најубавиот момент на мечот и бомбата на Џејмс.

Џејмс, кој има само 20 години и е репрезентативец на Англија во генерацијата фудбалери до 21 година, ја круниса одличната игра на „Амекс“ во Брајтон со асистенција за последниот гол на мечот што го постигна Курт Зума со помош на домашниот играч Вебстер.

За Челзи вечерва дебитираа двете големи засилувања од Германија, Тимо Вернер и Кај Хаверц, додека англискиот репрезентативец Бен Чилвел и Хаким Зијех ќе почекаат за деби бидејќи се повредени.

- Оглас -

Најнови вести