Најтрофејниот фудбалер во историјата вели дека и на 37 години би бил ѕвезда во овој тим на Милан

Некогашниот бразилски репрезентативец Дани Алвес е убеден дека и сега, на 37-годишна возраст без никаков проблем може да игра во Милан. Алвес е најтрофејниот фудбалер во историјата и има над 40 важни пехари на клупско и репрезентативно ниво.

„Ако сега заиграм во дресот на Милан, ќе бидам ѕвезда. Уште сум активен и можам да играм и да се борам. Уште можам да трчам многу во текот на целиот меч и едноставно јас сум играч кој не сака да се срами дека е на терен. Кога веќе нема да можам да играм, ќе заминам во пензија“, вели Алвес, кој на почетокот на оваа сезона се врати во Бразил и го облече дресот на Сао Пауло.

За тоа дека ветеранот Алвес е одлично подготвен и во форма, потврди и фактот дека пред помалку од една година токму тој беше прогласен за најкорисен играч на Копа Америка, кога Бразил стигна до трофејот наменет за најдбрата репрезентација во Јужна Америка.

- Оглас -

Најнови вести