Напаѓачот на Озил и Колашинац ќе скапe во затвор, мајката молеше за прошка

Ешли Смит е криминалецот кој следните 10 години ќе ги помине во затвор поради напад на двајцата фудбалери на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац. Смит кој има 30 години, заедно со Џордан Нортовер (26 години) ги нападнаа играчите на Арсенал, сакајќи да им го украдат џипот.

Сепак, планот на криминалците не беше успешен, бидејќи Колашинац не се уплаши, иако напаѓачот имаше нож во раката. Сеад почна да ги брка и успеа да ги спаси Озил и неговата жена. Нападот врз фудбалерите на Арсенал може да го видите ТУКА.

Подоцна, двајцата напаѓачи беа препознаени и фатени, а на Смит денеска му беше изречена казна од 10 години. Кога ја слушна пресудата, мајката на криминалецот почна да моли да прочка, но судијата немаше милост.

Пресудата за вториот напаѓач Џордан Нортовер ќе биде деновиве.

 

- Оглас -

Најнови вести